• петок, 15 ноември 2024

Општина Охрид го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад.

Општина Охрид го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад.

Охрид, 5 март 2024 (МИА) – Општина Охрид го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад.

Предвидено е преку системски и интегриран пристап за управување со отпад да се градат капацитети за негово вклучување во циркуларната економија, а со намалување на количините на создаден отпад да се придонесува кон постигнување на целите на одржливиот развој.

Како што е соопштено од Општина Охрид, Локалниот акциски план ќе помогне во реализација на регионалните планови за отпад, со развивање на универзалност на услугите преку недискриминација, одржливост на услугата, квалитет и ефикасност, транспарентност, економски прифатлива цена и целосно покривање на територијата на општината со услугата.

„Неговата реализација ќе придонесе за подобрување и заштита на природните ресурси и квалитетот на живеење во општината, како заштитено природно и културно наследство што го прави Охрид посакувана туристичка дестинација“, се посочува во соопштението на охридката локална самоуправа.

Според предвиденото, односниот план ќе резултира со јасни активности во насока на заштита на животната средина и подобрување на еколошката средина за граѓаните.

„Насоките во планот за намалување на создадениот отпад и подобрување на локалните пракси за селекција, собирање и депонирање на отпадот се во согласност со меѓународните стандарди и пракси за цврст отпад и директно водат кон намалување на штетното влијание врз животната средина“, стои во соопштението.

Локалниот акциски план го изготви работна група составена од членови на општинската администрација, јавното комунално претпријатие, со поддршка од „SALAR International“ и Шведската агенција за меѓународен развој. аб/мд/

фото/МИА

 

 

Остани поврзан