• четврток, 25 април 2024

Општина Крива Паланка објави повик за финансирање предлог-проекти на здруженија и фондации со седиште во општината

Општина Крива Паланка објави повик за финансирање предлог-проекти на здруженија и фондации со седиште во општината

Крива Паланка, 13 март 2023 (МИА) – Општина Крива Паланка ќе додели финасиски средства од Програмата за поддршка на здруженија и фондации за 2023 година на здруженија од општината поради што распиша јавен оглас на кој се опишани приоритетните области во кои ќе треба да бидат реализирани.

Предвидено е да се реализираат проекти во следните приоритетните области: економски развој, туризам,  образование,  заштита на животна средина, зоцијална и здравствена заштита, информатичко општество, активности за креирање и имплементација на младински политики и потреби.

-Програмата за поддршка на здруженија и фондации за 2023 година предвидува трансфер до невладиниот сектор од буџетот на Општина Крива Паланка, во вкупен износ од 500.000 денари, со лимитиран буџет од 50 000 до 200 000 денари по предлог проект, информираат од службата за комуникација на општината, од кад епосочија дека Општина Крива Паланка го задржува правото да не ги додели расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми.

Проектите можe да бидат со времетраење до седум месеци, што значи дека ќе мора да се спроведат најдоцна до 15  ноември 2023 година.

Јавниот повик трае до 25 април 2023 година, до 15 часот. Сите неопходни информации и електронската верзија од целиот пакет за апликација можат да се превземат од официјалната општинска веб-страница www.krivapalanka.gov.mk

Документацијата за пријавување на јавниот повик може да се обезбеди преку испраќање нарање на следната општинската адреса или на е-меил: lstojanovska@krivapalanka.gov.mk или лично во општина Крива Паланка во Одделение за Јавни дејности, економски развој и информатичка технологија.                                                                   

На 17 март 2023 година ќе се одржи отворен информативен ден за повикот во голема сала на Општина Крива Паланка. ид/мч/

Остани поврзан