• недела, 15 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Општина Дојран го реконструира Градскиот парк во Нов Дојран

Општина Дојран го реконструира Градскиот парк во Нов Дојран

Дојран, 4 март 2024 (МИА) - Во тек е реконструкција на Градскиот парк во Нов Дојран во која се вклучени поставување нови градски светла, нови детски играчки, урбана опрема и хотриткултурно уредување, објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.

Во објавата се наведува дека паркот во Нов Дојран е симбол на младоста на многу генерации, во него се создадени безброј спомени кои со задоволство се чуваат и прераскажуваат.

-Затоа, реконструкцијата е неопходна, за создавање на нови спомени и продолжување на традицијата на собирање на жителите од Нов Дојран баш во срцето на ова населено место-градскиот парк. Секое дополнување е почит на веќе напишаните приказни овде и на безбројните спомени што допрва ќе ги создаваме заедно. Моменталниот зафат е повеќе од реконструкција; тоа е повторно раѓање на местото кое ја претставува душата на Нов Дојран, напиша градоначалникот на Дојран.

Според него, жителите на Нов Дојран заслужуваат место каде ќе се случуваат прекрасни културни настани, место за дружба, забава и уживање. рт/дма/

Фото: Општина Дојран

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан