• недела, 22 декември 2024

Општина Гостивар: Ставена во употреба дигиталната платформа за плаќање сметки за вода и отпад

Општина Гостивар: Ставена во употреба дигиталната платформа за плаќање сметки за вода и отпад

Гостивар, 12 јули 2023 (МИА) - Гостиварското комунално претпријатие „Комуналец“ објави упатство и стави во употреба дигиталната платформа преку која корисниците ќе може да ги плаќаат сметките за вода и отпад.

Според информациите од општина Гостивар, во чија сопственост е јавното претпријатие, плаќањата може да се вршат на едноставен и безбеден начин, а користа од редовното подмирување на трошоците е непречено функционирање на водоводната инфраструктура и управувањето со отпадот во Гостивар.

- Со помош на граѓаните, можеме да изградиме понапредни системи за да го подобриме квалитетот на водата што ја пиеме и да ја заштитиме нашата скапоцена животна средина. Грижата за животната средина и безбедноста на водата се важни приоритети за нас и за нашата иднина, наведуваат од општина Гостивар

Во оваа прилика, локалната самоуправа ги охрабрува граѓаните да станат дел од новата иницијатива и навременото плаќање на сметките со што ќе придонесат за подобрување на секојдневието квалитетот на живот. згм/мд/

Остани поврзан