• сабота, 23 ноември 2024

Општина Гостивар изготви четиригодишен план за подобрување на амбиенталниот воздух

Општина Гостивар изготви четиригодишен план за подобрување на амбиенталниот воздух

Гостивар, 25 април 2023 (МИА) – Гостиварската локална самоуправа во наредниве четири години ќе спроведува мерки и актовности за заштита и подобрување на амбиенталниот воздух. Предлог програмата беше одобрена од Советот на општината на последната седница и доби едногласна поддршка.

Предлог-програма за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во општина Гостивар за периодот 2022-2026 година пред советниците се најде по предлог на градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

Планот содржи повеќе проекти и активности за зголемување на квалитетот на воздухот, а меѓу поважните е изработка на катастар преку кој попрецизно ќе се утврдуваат причинителите на загадувањето на воздухот во Гостивар. Со планот се прецизираат и други активности кои ќе придонесат за намалување на аерозагадувањето.

На седницата беше нагласено дека со одобрувањето на предлогот, општина Гостивар за прв пат изготвува План за заштита на амбиенталниот воздух.

Четиригодишната програма на планот го состави специјализираната компанија „Technolab“ Скопје. згм/цр

Фото:Општина Гостивар

Остани поврзан