• четврток, 26 март 2026

МВР: Кривични пријави за три угостителски објекти во Аеродром, служеле алкохол на малолетници

МВР: Кривични пријави за три угостителски објекти во Аеродром, служеле алкохол на малолетници

Скопје, 22 март 2026 (МИА) - Во текот на продолжениот викенд 19/22.03.2026 полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје спроведоа зајакнати мерки и активности за санкционирање на непочитувањето на законите, пред се околу точењето на алкохол на малолетници.

Како што соопштуваат од МВР, контролирани се 12 угостителски објекти на територија на Аеродром, а во три објекти затекнати се малолетници послужено со алкохолни пијалоци. По документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави по член 204 од КЗ „Точење алкохол на малолетници”. ев/

ФОТО: Архива 

Остани поврзан