• понеделник, 22 април 2024

Општина Битола ги објави резулатите од јавниот повик за предлог проекти од областа на културата

Општина Битола ги објави резулатите од јавниот повик за предлог проекти од областа на културата

Битола, 24 март 2023 (МИА) - Општина Битола ги објави резултатите од јавниот повик за доставување на предлог проекти за активности од областа на културата за 2023 година.

Од секторот за односи со јавност соопштија дека на јавниот повик биле доставени 250 апликации, од нив 109 апликации за БИТФЕСТ 2023, нови манифестации 57 апликации, традиционални настани манифестации и фестивали 36 апликации, предлог проекти за Програма за „4 Ноември“ 15 апликации, за програма за „Свети Нектариј Битолски“ 5 апликации, за „Зимска приказна“ 24 апликации, а евидентирани се и 4 апликации за Саеми за презентација на општината во државата и странство.

Апликациите кои не се прифатени, најчесто имаат несоодветно изразени буџетски ставки, недоволно објаснување на предлог проектот или не ги исполнуваат останатите критериуми, дефинирани со јавниот повик. Поради големиот број на апликации, објавата на резултатите е во две фази. Резултатите од категориите „БИТ ФЕСТ“ и „ЗИМСКА ПРИКАЗНА“, ќе бидат објавени до крајот на месец април, соопштија од тамошната локална самоуправа.

Листата на одобрени апликации со одобрениот буџет е јавна достапна на веб страницата на Општина Битола.мт

Фото: МИА

Остани поврзан