• недела, 21 април 2024

Општина Берово задоволна од резултатите од партнерскиот проект со УСАИД за зајакнување на капацитетите на администрацијата

Општина Берово задоволна од резултатите од партнерскиот проект со УСАИД за зајакнување на капацитетите на администрацијата

Берово, 2 февруари 2024 (МИА) - Општина Берово ги презентираше резултатите од партнерскиот проект со УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. Проектот, како што информираа од Општината има за цел да им помага на единиците на локалните самоуправи да ги зголемат приходите од сопствени извори, да обезбедат поголемо надворешно финансирање, да ја зголемат стапката на реализација на буџетот и да го унапредат извршувањето на децентрализираните надлежности.

-Општина Берово беше една од втората група на 24-те партнер општини кои соработуваа со Проектот од април 2022 година до декември 2023 година. Како резултат на 18-месечното партнерство и добиената техничка поддршка, со Општина Берово се остварени повеќе значајни резултати меѓу кои зголемена наплата на приходи од сопствени извори која е повисока за 181 процент и зголемена наплата на данок на имот за 43 проценти, истакнаа од Општината.

Во однос на учеството во проектот, исто како и во останатите општини и Општина Берово има подготвено извештај со препораки за подобрување на организациските капацитети за администрирање на локалните даноци.

-По учеството во овој проект може да кажеме дека е зголемен и капацитетот на даночното одделение за ажурирање на базата на податоци за данок на имот. Даночните обврзници повеќе се информирани за плаќањето на данокот на имот, преку едукативната кампања “Мој данок за мојата општина” која беше споделена на нашата веб-страница, додадоа од Општината

За градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски радува фактот што индексот за буџетската транспарентност за 2022-2023 изнесува максимални 16 индексни поени, и е непроменет во споредба со 2021-2022. Општината како што напомена има и подобрена активна транспарентност која во 2023 година изнесувал 97,12 проценти во споредба со 2022 кога  изнесувал 95,7 проценти. вс/сст/

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан