Операта Метрополитен ја откажува цела сезона
- Оперската куќа, со 3.800 седишта, изведува повеќе од 200 претстави годишно, кои ги гледаат скоро 800.000 гледачи.
![Операта Метрополитен ја откажува цела сезона](https://mia.mk/images/20221104204351_big_730x400_85.webp )
Њујорк, 24 септември 2020 (МИА) - Познатата њујоршка Метрополитен опера денеска ја откажа цела следна сезона и најави дека ќе остане затворена до септември 2021 година. Причина за тоа е пандемијата на коронавирусот.
Оперската куќа, со 3.800 седишта, изведува повеќе од 200 претстави годишно, кои ги гледаат речиси 800.000 посетители.
„Жал ни е што мораме да Ве известиме дека Метрополитен донесе исклучително тешка одлука, за откажување на целата сезона 2020-21 година, врз основа на советите на здравствените стручњаци при Центарот Линколн и Метрополитен“ (каде е сместена Операта), се вели во соопштението.
Потоа се додава дека поради стотиците изведувачи кои треба да вежбаат и да настапат и поради големата публика на компанијата, нема да биде безбедно за Операта да продолжи со програмата.
Театрите на Бродвеј, од друга страна, засега е предвидено повторно да се отворат во јануари 2021 година. си/сд/