• сабота, 13 јули 2024

Отфрлено обвинението за убиство против Алек Болдвин, судењето е прекинато

Отфрлено обвинението за убиство против Алек Болдвин, судењето е прекинато

Санта Фе, 13 јули 2024 (МИА) - Судијата во Ново Мексико го отфрли обвинението за убиство од небрежност и го запре судењето против актерот Алек Болдвин бидејќи обвинителството, според проценката на судот, прикривало докази за тоа како боевата муниција завршила на филмскиот сет каде што беше убиен снимател.

Адвокатите на Болдвин тврдеа дека полицијата и обвинителите прикриле докази кои би можеле да бидат во корист на актерот.

Клучно прашање во случајот беше како боевата муниција завршила на снимањето, а адвокатите на Болдвин ја доведоа во прашање истрагата и укажаа на грешки направени од државните органи кои го обработувале местото на злосторството.

По оваа судска одлука, обвинителите нема да можат повторно да го обвинат Болдвин.

Алек Болдвин беше обвинет за убиство од небрежност за пукањето на сетот на филмот „Раст“, ​​во кој беше убиен снимателот Халина Хачинс.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан