• сабота, 13 јули 2024

Во Бристол уапсен маж под сомнение дека е поврзан со пронајдените куфери со човечки делови

Во Бристол уапсен маж под сомнение дека е поврзан со пронајдените куфери со човечки делови

Лондон, 13 јули 2024 (МИА) – Британската полиција денеска уапси 34-годишен маж под сомнение дека е вмешан во смртта на двајца мажи, чии делови од телото биле пронајдени во фрлени куфери во југозападниот англиски град Бристол и во западен Лондон.

Осомничениот е уапсен утрово на железничката станица во Бристол.

Жртвите не се официјално идентификувани, но се претпоставува дека и двете се малолетни. Резултатите од обдукцијата се прогласени за „неубедливи“, а во моментов е во тек второто испитување на телата. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан