• сабота, 13 јули 2024

Во израелски напад во Кан Јунис, 71 загинат и 289 повредени, цел бил командант на Хамас

Во израелски напад во Кан Јунис, 71 загинат и 289 повредени, цел бил командант на Хамас

Кан Јунис, 13 јули 2024 (МИА) - Министерството за здравство на Газа објави дека 71 лице загина, а 289 се повредени во денешниот израелски напад врз шаторски кампови во Кан Јунис во кој се сместени раселени Палестинци.

Многу повредени и загинати се префрлени во блиската болница Насер, пренесува Бета.

Преживеани сведочат дека по нападот имало и неколку последователни удари.

Не е јасно дали Муваси, хуманитарната зона одредена од Израел, која се протега од Рафа до Кан Јунис, била исто така цел на напад. Таму засолниште најдоа стотици илјади Палестинци кои беа раселени поради израелската инвазија од други делови на Појасот Газа и живеат во шатори.

Израелската војска соопшти дека ги проверуваа информации за нападот во Кан Јунис. Радиото на израелската армија објави дека цел на нападот бил воениот командант на Хамас, Мохамед Диеф. Военото радио не прецизира дали тој бил убиен во нападот. Претставник на Хамас, пак, изјави дека сите жртви се цивили.

Израелската инвазија на Газа започна откако палестинските екстремисти го нападнаа јужниот дел на Израел, убивајќи повеќе од 1.200 луѓе и зедоа стотици заложници.

Оттогаш, повеќе од 38.300 луѓе се убиени, а повеќе од 88.000 се ранети во Појасот Газа.са/

Фото: ЕПА

Остани поврзан