• четврток, 19 декември 2024

Успешен пробниот период за наплаќање влез во Венеција

Успешен пробниот период за наплаќање влез во Венеција

Венеција, 12 јули 2024 (МИА) - Градските власти на Венеција навестија можно продолжување на наплаќањето влез за туристите на еднодневни патувања и влез во градот, откако на крајот од оваа седмица ќе заврши пробниот период на првата ваква програма во светот.

- Во таа смисла, тамошните власти би ја зеле предвид побарувачката и за можно удвојување на сегашната цена од пет на 10 евра, во време на исклучителна посетеност на италијанскиот град на јадранскиот брег, како што рече Мишел Зуин, градски советник задолжен за финансии, за околните медиуми.

Тој вели дека од 2025 година, „основната стапка“ од пет евра ќе се применува во еден дел од годината. Но, во „критичните денови“ туристите ќе треба да платат максимална цена од 10 евра.

Во пробниот период, во периодот од 08:30 до 16 часот, се наплаќаше такса од пет евра. Посетителите можеа да добијат „КР код“ преку интернет, којшто служеше како доказ за плаќањето. Речиси едномесечниот пробен период на градот му донесе повеќе од два милиони евра. Во некои денови се евидентирани повеќе од 25.000 туристи кои платиле влез.

Градот не планира да објави официјален извештај веднаш следната недела. 

Се проценува дека годишно Венеција ја посетуваат околу 15 милиони туристи, што ја прави еден од најпопуларните туристички градови во светот. Масовниот туризам значи големи приходи за градскиот буџет, но може да предизвикува и значителни штети.  си/ссм/

Фото: МИА архива

Остани поврзан