• четврток, 13 јуни 2024

ОН: Рекордни 120 милиони луѓе присилно раселени поради војна, насилство и прогон

ОН: Рекордни 120 милиони луѓе присилно раселени поради војна, насилство и прогон

Њујорк, 13 јуни 2024 (МИА) - Вкупно 120 милиони луѓе живеат присилно раселени поради војна, насилство и прогон, објавија ОН, нарекувајќи ја бројката која постојано се зголемува како „страшно обвинение за состојбата во светот“.

Агенцијата за бегалци на Обединетите нации, УНХЦР, соопшти дека присилното раселување на глобално ниво повторно ги урнало рекордите, при што конфликтите во места како Газа, Судан и Мјанмар принудија уште повеќе луѓе да ги напуштат своите домови.

„Глобалното раселено население сега е еквивалентно на она на Јапонија, се истакнува во соопштението.

На крајот на минатата година, 117,3 милиони луѓе беа раселени, се вели во извештајот на УНХЦР.

„До крајот на април, бројот дополнително се зголеми, на околу 120 милиони луѓе ширум светот кои живеат  раселени. Бројот е зголемен од 110 милиони пред една година и се зголемува веќе 12 последователни години - речиси тројно од 2012 година во услови на комбинација на нови кризи и неуспехот да се решат долготрајните кризи“, соопшти УНХЦР. паг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан