• сабота, 21 септември 2024

Лидерите од Г7 поддржуваат решение за две држави за да можат Израелците и Палестинците да живеат во мир

Лидерите од Г7 поддржуваат решение за две држави за да можат Израелците и Палестинците да живеат во мир

Бари, 13 јуни 2024 (МИА) - Лидерите на Групата седум (Г7) се многу загрижени за ситуацијата на границата меѓу Израел и Либан и ги поддржуваат напорите на САД да обезбедат прекин на огнот во Појасот Газа, се вели во нацрт-соопштението што ќе биде објавено по Самитoт на Г7, што се одржува во одморалиштето Борго Ењација во јужниот италијански регион Пуља.

Во соопштението се додава дека западните лидери ја повториле „непоколебливата заложба за решение со две држави за да можат Израелците и Палестинците да живеат во мир, рамо до рамо“, пренесуваат агенциите.

Покрај тоа, тие го повикаа Израел да се воздржи од целосна офанзива во Рафах, „во согласност со неговите обврски според меѓународното право“. рп/

Фото: АНСА

Остани поврзан