• недела, 21 јули 2024

Онана сакаше да даде интервју по поразот од Баерн, голманот на Манчестер јунајтед погреши при првиот гол

Онана сакаше да даде интервју по поразот од Баерн, голманот на Манчестер јунајтед погреши при првиот гол

Минхен, 21 септември 2023 (МИА) – Голманот на Манчестер јунајтед, Андре Онана, инсистираше преку медиумите да ја објасни грешката на синоќешниот натпревар со Баерн. Во Минхен.

 

Манчестер јунајтед загуби од германскиот клуб (3:4) во групната фаза од Лигата на шампионите.

 

Во 28. минута од натпреварот, Лерој Сане упати низок удар надвор од шеснаесетникот приближно во центарот на голот. Онана се обиде да ја сопре топката, но таа под неговите раце одлета во мрежата на голот.

 

По завршувањето на натпреварот, Андре Онана лично сакаше да проговори и да даде интервју. Говорејќи за „ТНТ Спортс“, голманот рече дека ја презема одговорноста и истакна дека одиграл еден од неговите најлоши натпревари. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан