• сабота, 28 септември 2024

ОЛАФ откри измама со пари од ЕУ во вредност повисока од милијарда евра

ОЛАФ откри измама со пари од ЕУ во вредност повисока од  милијарда евра

Брисел, 21 јуни 2024 (МИА) - Истрагата на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) откри дека повеќе од милијарда евра од парите на даночните обврзници на ЕУ треба да се вратат бидејќи биле злоупотребени. Инспекторите открија и измама со 209 милиони евра пред тие пари да бидат неоправдано потрошени, објави ОЛАФ.

Покрај откривањето на фондовите на ЕУ кои завршија во погрешни раце, ОЛАФ ги следеше трагите на шверцери, фалсификатори и царински измамници, помогна во спроведувањето на трговските мерки и санкции на ЕУ за поддршка на Украина и продолжи да развива политики за спречување и борба против измамите.

ОЛАФ, исто така, истражуваше сомневање за недолично однесување од страна на персонал или членови на институциите на ЕУ.

Резултатот од истрагата во 2023 година е препорака да се вратат 1,04 милијарди евра во буџетот на ЕУ, како и да се спречи неоправдано трошење на 209,4 милиони. зш/

Остани поврзан