ОИ: Елиминирана втората носителка на тенискиот турнир
- Втората фаворитка за златниот медал на Олимпискиот тениски турнир, Наоми Осака е елиминирана уште во осминафиналната рунда. Јапонката утрово загуби од чешката тенисерка Маркета Вондрушова со
![ОИ: Елиминирана втората носителка на тенискиот турнир](https://mia.mk/images/20221108000653_big_730x400_39.webp )
Токио, 27 јули 2021 (МИА) – Втората фаворитка за златниот медал на Олимпискиот тениски турнир во Токио, Наоми Осака е елиминирана уште во осминафиналната рунда. Јапонката утрово загуби од чешката тенисерка Маркета Вондрушова со 1:6 и 4:6.
Ова е четврта победа во кариерата за Вондрушова над ривалка од Топ 10.
Осака денес направи 32 неизнудени грешки и првпат по Австралија опен 2020 загуби порано од четвртфиналето. зс/