Од утре намалување на облачноста и ниски утрински температури
- Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а кон кон крајот на денот и во текот на ноќта засилен ветер од северен правец.

Скопје, 18 февруари 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а кон кон крајот на денот и во текот на ноќта засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб снег. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Од среда облачноста ќе се намали и ќе преовладува стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Во среда ќе дува засилен северен ветер. сст/аа/
фото МИА архива