• сабота, 20 април 2024

Од верските календари

Од верските календари

Од верските календари 

28 март 2024 (МИА)

 

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 март.

 

Денеска е Преподобен маченик Агапиј.

Свети Агапиј беше виден граѓанин на палестинскиот град Кесарија во времето кога во овој град христијаните ги гонеше некој си управник Урбан. Овој постојано ги изнесуваше христијаните пред суд, ги мачеше и ги убиваше. Згрозени од таквата глетка, неколку локални момчиња: Публиј, Тимолај, Ромил, двајца Александовци и двајца Дионисиевци, самите си ги врзаа рацете и излегоа пред Урбан како христијани. Свети Агапиј, поттикнат од верата на овие момчиња, и самиот застана со нив и заедно со нив беше погубен. Ова се случи во 303 година.

 

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

 

Денеска е Велики четврток

Велики четврток е комеморација на Исусовата последна вечера. Во утринските часови се празнува мисата на маслото (Missa chrismatis), при што се осветува маслото за света потврда и се благословува маслото за помазание на болните и катихумените. Вечерта на свечен начин се празнува Евхаристиското празнување, мисата на Господовата вечера, со која започнуваат три дена Велигден. На таинствен начин се празнува и обновува институцијата Евхаристија и свештеничкиот ред. По вечерните обреди, украсите се отстрануваат од црквата и ѕвоната престануваат да бијат до велигденското бдение.

###

Остани поврзан