• петок, 22 ноември 2024

ОДИХР бара покренување истрага за околностите на смртта на Навални

ОДИХР бара покренување истрага за околностите на смртта на Навални

Варшава, 16 февруари 2024 (МИА) - Смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални додека отслужуваше долга затворска казна е трагедија што следува по годините неправедно затворање и негирање на човековите права, соопшти денеска Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) и побара истрага за околностите на неговата смрт.

-Длабоко сум тажен поради веста за смртта на Алексеј Навални. Од самиот почеток, затворањето на г-дин Навални беше фундаментално кршење на правото на изразување несогласување, како и правото на правично судење, рече директорот на ОДИХР, Матео Макачи, се вели во соопштението на ОБСЕ.

ОДИХР ги повикува руските власти веднаш да започнат веродостојна истрага за околностите во кои тој починал и да обезбедат целосен пристап до правните застапници на Навални. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан