• недела, 22 декември 2024

Одбележани 67 години од мавровската трагедија

Одбележани 67 години од мавровската трагедија

Гостивар, 13 февруари 2023 (МИА) - Одбележувањето на годишнината од трагедијата при изградбата на најголемиот хидроенергетски систем во земјава, помина со пригоден собир во близина на браната на Мавровското езеро. Во лавини кои го зафатија мавровско реканскиот регион во 1956 година животите ги загубија педесетина, градители граничари и месно население.

Делегација на вработените во хидроцентрали Маврово оддадоа почит со едно минутно молчење и положија свежо цвеќе на обелискот.

Првиот човек на ХЕЦ Маврово, Божиноски потсети дека во саботата се навршија 67 години од февруарската трагедија и дека со пригодната комеморација се чествуваат луѓето кои се вградиле со своите животи, за да како што рече изградат капацитети од витално значење за државата.

- Во зимата, далечната 1956 од снежните лавини што го зафатија овој регион 52 градители граничари и мештани на мавровско хидроенергетскиот систем. На ваков начин сакаме да им дадеме до знаење на сите наши вработени дека луѓето што загинаа во оваа трагедија вечно нè задолжија положувајќи ги своите животи, рече Божиноски.

Ноќта меѓу 10 и 11 февруари 1956 година се случила една од поголемите природни катастрофи во земјава. Од планината Кораб се струполиле снежни лавини врз бараките на градителите на мавровскиот хидроенергетски систем. Во снежните намети затрупани биле над 100 лица, а половината од нив успеале да се извлечат од белата смрт и да се спасат. Најголемиот дел од загинатите биле градители на мавровските хидроелектрани.

Во спомен на трагичниот настан востановена е и една од најстарите спортски манифестации „Мавровски меморијал“ меѓународен натпревар во скијачко трчање. згм/сст/

 

 

Остани поврзан