• петок, 28 јуни 2024

Обука за спасители на вода за потребите на Црвениот крст од Охрид

Обука за спасители на вода за потребите на Црвениот крст од Охрид

Охрид, 30 мај 2024 (МИА) – Општинската организација на Црвениот крст од Охрид, за потребите на Центарот за безбедност на вода, објави повик за пријавување на кандидати за курс/обука за спасители на отворени води.

Обуката што ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната федерација за безбедност на вода (ILSF), содржи теоретски и практичен дел, а ќе се реализира од 21 до 28 јуни, велат од Црвен крст Охрид.

Заинтересираните кандидати треба да се постари од 17 (да достават соодветен доказ, извод на родени, лична карта), да знаат да пливаат и да имаат психо-физички предиспозиции за спорт, а притоа и да обезбедат и достават Потврда за здравствена способност за обавување спорт и спортски активности, не постара од шест месеци, издадена од соодветен лекар или здравствена установа.

Повикот трае до 19 јуни, а кандидатите можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 9 до 15 часот, како и на телефоните 046261909 и 070315309 или со пополнување на пријава преку интернет-страницата на Црвен крст - Охрид.

На сите кои успешно ќе ја завршат обуката и се стекнат со звање спасител на вода, ОО на Црвениот крст од Охрид ќе им обезбеди и понуди платен ангажман како спасител на вода на соодветни капалишта во летната сезона 2024 година. аб/нд/

Фото: Плакат

Остани поврзан