• сабота, 27 јули 2024

Облачно, во утринските часови со услови за слаб снег, а во текот на денот со врнежи од дожд

Облачно, во утринските часови со услови за слаб снег, а во текот на денот со врнежи од дожд

Скопје, 28 ноември 2023 (МИА) - Времето ќе биде облачно, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Во некои од пониските места најпрвин врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот ќе преминуваат во дожд. Локално претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд. Во западните делови ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, најизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје облачно, во утринските часови со услови за слаб снег, а во текот на денот со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Слаби врнежи ќе има и во среда, а во четврток и петок ќе има појава на магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст.

Остани поврзан