• вторник, 25 јуни 2024

Обилните дождови усмртија најмалку седум лица во Еквадор

Обилните дождови усмртија најмалку седум лица во Еквадор

Кито, 18 јуни 2024 (МИА) – Најмалку седум луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во централниот дел на Еквадор предизвикано од обилните дождови во текот на викендот, соопштија локалните власти.

Во свлечиштето повредени се 16 лица, а 20 се водат како исчезнати. Спасувачките операции се во тек.

Обилните врнежи во Ел Салвадор предизвикаа најмалку 11 смртни случаи, а околу 880 луѓе се сместени во засолништа за итни случаи. Владата на Ел Салвадор поради невремето прогласи вонредна состојба.

Обилните врнежи предизвикаа поплави и одрони од кал во Гватемала, Хондурас, како и во југоисточниот дел на Мексико.

Метеоролозите го следат можното формирање на првиот тропски циклон во сезоната во Мексикански Залив. ми/

фото: Икс

Остани поврзан