• сабота, 25 јануари 2025

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

Скопје, 24 јануари 2025 (МИА) - Обвинителството предводено од Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестијата на организаторите на 27 април. Сега, кога целата јавност знае дека токму ова Обвинителство дало согласност за нивната амнестија, го прашуваме Зијадин Села дали повторно ќе продолжи да му служи на „Европски фронт“. За нас, интересот на граѓаните и правдата се пред се, и ќе продолжиме цврсто да стоиме во одбрана на вистината, посочи на денешната прес-конференција Дритон Сулејмани од Влен.

Според Сулејмани, не постои ништо пониско од тоа да се користат болните настани, за да се добијат политички поени, а токму тоа го прави ДУИ, без никакво чувство на одговорност.

Според него, Зијадин Села е на фронтот со луѓе кои даваат позитивни мисли за амнестија на оние кои се обиделе да го убијат.

- Еден од најповредените пратеници беше токму Зајадин Села. За ова, целиот албански народ се солидаризира и изрази жалење. Осум години подоцна, кога новите соработници на Села, или всушност можеби и порано соработуваа, а сега станаа јавни, ги амнестираа луѓето кои се обидоа да се ослободат од Зијадин Села. Јавната одговорност е тешка и не секој што ја презема на себе успева добро да се справи, рече Сулејмани. бт/бак/

Фото: принтскрин

 

Остани поврзан