• сабота, 20 април 2024

Н1: Текст на Анексот на Договорот за патот кон нормализација на односите на Белград и Приштина

Н1: Текст на Анексот на Договорот за патот кон нормализација на односите на Белград и Приштина

Белград, 19 март 2023 (МИА) - Белградска Н1 ноќва го објави „Анексот на договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија“, договорен по маратонските разговори во Охрид, јави дописнкиот на МИА од Белград.

Текстот го пренесуваме во целост:

Дијалог меѓу Белград и Приштина: Анекс за спроведување на Договорот за патот кон нормализирање на односите меѓу Косово и Србија

- Овој Анекс е составен дел на Договорот.

- Косово и Србија целосно се обврзуваат да ги почитуваат сите членови од Договорот и овој Анекс и да ги спроведат сите свои обврски кои произлегуваат од Договорот и од овој Анекс брзо и со добра волја.

- Страните забележуваат дека Договорот и Анексот за имплементација ќе станат составен дел на соодветните процеси за пристапување на Косово и Србија во ЕУ. Страните забележуваат дека веднаш по усвојувањето на Договорот и овој Анекс, посредникот на ЕУ ќе започне процес на промена на критериумите за Поглавјето 35 за Србија поради обврските кои произлегуваат од Договорот и овој Анекс. Агендата на Косовската специјална група за нормализација подеднакво ќе ги одразува новите обврски на Косово кои произлегуваат од Договорот и овој Анекс.

- Страните се согласуваат итно да ја прифатат Декларацијата за исчезнати лица, како што е договорено во рамките на Дијалогот со посредство на ЕУ.

- За да се примени членот 7, Косово веднаш иницира преговори во рамките на Дијалогот со посредство на ЕУ за воспоставување конкретни аранжмани и гаранции за обезбедување соодветно ниво на самоуправа за српската заедница на Косово, во согласност со релевантните претходни договори за дијалог кои се утврдени од посредникот на ЕУ.

- Страните се согласни во рок од 30 дена да формираат Заеднички одбор за следење, со кој претседава ЕУ. Спроведувањето на сите одредби ќе биде обезбедено и надгледувано од Заедничкиот одбор за следење.

- За да се имплементира членот 9, ЕУ во рок од 150 дена ќе организира донаторска конференција со цел да се воспостави пакет за инвестиции и финансиска помош за Косово и Србија. Помошта нема да биде доделена пред ЕУ да утврди дека сите одредби од Договорот се целосно имплементирани.

- Косово и Србија се согласуваат дека ќе ги спроведуваат сите точки независно една од друга.

- Редоследот на ставовите од овој Анекс не го доведува во прашање редоследот на нивното спроведување.

- Косово и Србија се согласуваат дека нема да ја блокираат примената на ниту еден член (точка).

- Сите дискусии поврзани со спроведувањето на Договорот ќе се одвиваат во рамките на Дијалогот што го води ЕУ.

- Косово и Србија примија на знаење дека секое неисполнување на нивните обврски од Договорот, овој Анекс или претходните договори за дијалог може да има директни негативни последици за нивните процеси за пристапување во ЕУ и за финансиската помош што ја добиваат од ЕУ. об/сп/

Фото: Европска унија

Остани поврзан