• петок, 29 март 2024

Нов концепт и локација на читалната „Ацо Шопов“

Нов концепт и локација на читалната „Ацо Шопов“

Скопје, 25 март 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја отвори читалната што го носи името на доајенот на македонскиот книжевен збор Ацо Шопов. 

-Во новите простории на читалната во сутеренот на ТЦ „Беверли Хилс“ добредојдени се сите граѓани, каде што ќе имаат можност да го користат нејзиниот книжевен фонд што вклучува повеќе од 2 000 книги од сите жанрови. Членството е бесплатно, а просторот без никаков надоместок е достапен за организирање литературни дружења, креативни средби и едукативни работилници, соопшти денеска општинската прес-служба.

Во чест на 100-годишнината од  раѓањето на Шопов ученици од општинските основни училишта „Ј.Х.Песталоци“ и „Киро Глигоров“ ги потсетија присутните гости на делови од творештвото на Ацо Шопов, со кое во текот на образовниот процес се сретнале и ќе се сретнуваат многу генерации.

Герасимовски порачал дека културата и уметноста се најважни начини да ги покажеме убавините и богатствата на нашата земја, истакнувајќи дека  Општина Центар ја поддржува културата и во континуитет реализира проекти што би ги поттикнале читачките навики особено кај младата популација.

-Оваа читалница нека биде свратилиште на сите љубители на книжевноста, нека биде катче што може да ги разбуди имагинацијата и креативноста во пишувањето, нека биде алтернативен образовен простор во кој сите ќе се чувствуваат слободни да истражуваат и создаваат, рекол Герасимовски.лв/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан