• вторник, 25 јуни 2024

Нов асфалт на шест улици во Кисела Јабука во Ѓорче Петров

Нов асфалт на шест улици во Кисела Јабука во Ѓорче Петров

18 јуни 2024

Во завршна фаза е асфалтирањето на три краци на улица „40“ во Кисела Јабука, а уште три нови се во фаза на подготовка што е во вкупна должина од околу 500 метри, или 1.500 квадратни метри асфалтна површина.

Во меѓувреме, Општина Ѓорче Петров во Ново Село заврши асфалтирање и на улица во должина од 50-тина метри, и плус три со бехатон, како и на ул. „52“ во Стопански Двор во должина од 400 метри главен крак и шест помали краци во вкупна должина од 450 метри.

-Новата градежна офанзива што неодамна ја најавив со одлично темпо се реализира во руралниот дел на Ѓорче Петров. Решаваме децениски барања на моите сожители кои повеќе не смеат да бидат ставени на чекање – рече градоначаланикот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Со новиот градежен зафат, истакна Стојкоски, граѓаните на шест краци во Кисела Јабука конечно ќе добијат добри услови за движење и сообраќање по уличките.

-Ветувањата што ги дадов за „Ѓорче без кал“ не беа зборови напамет, туку искрени заложби дека Ѓорче Петров навистина целосно ќе биде урбанизирано – додаде Стојкоски.

 

Кабинет на градоначалник

Општина Ѓорче Петров

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан