• сабота, 06 јули 2024

Ново детско игралиште во градскиот парк во Кавадарци 

Ново детско игралиште во градскиот парк во Кавадарци 

Кавадарци, 3 мај 2023 (МИА) - Во тек на изградба е детското игралиште во Градски парк Кавадарци, кое е дополнето и со мини фудбалско игралиште, информираа попладнево од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

- Игралиштето се бетонираше, по што се поставува гумена подлога која е во завршна фаза, се монтираа детски реквизити, огради и нова урбана опрема за најмладите. Изведувач е фирмата „Бетон М и М“, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму додадоа дека истовремено се продолжува со поставување и бојадисување на метални столпчиња на повеќе локации во Општина Кавадарци. Деновиве се поставуваат на улиците ,,Игман", ,,Браќа Хаџи Тефови" и ,,Цано Поп Ристов". свд/мд/

Фото: Општина Кавадарци 

Остани поврзан