• среда, 15 мај 2024

„Новогодишен базар 2023" на плоштадот во Крива Паланка

„Новогодишен базар 2023

Крива Паланка, 28 декември 2023 (МИА) - Преполн плоштад, празнична атмосфера и забава за младите, но и повозрасните, беше сликата од синоќешниот настан организиран во рамки на „Новогодишниот базар" во Крива Паланка.

На програмата синоќа настапија Мартија Станојковиќ, ДНК и магионичарот Кристијан Бенито.

- Градот живее во фантастичната празнична атмосфера, предновогодишната еуфорија ја донесоа Мартија, ДНК и Кристијан. Плоштадот преполн за време на базарот кој ги обединува сите генерации, со добра музика, добра забава, топли пијалоци и закуски и моменти вредни спомени.„Новогодишен базар 2023" го прави градот привлечен и ја носи празничната магија во сечие срце, напиша градоначалникот на Сашко Митовски.

Вечерва со почеток од 18 часот присутните ќе се забавуваат со Слаткар, Либеро бенд и Тамара Ракичевиќ.

Од Општина Крива Паланка најавуваат одлична претпразнична атмосфера на плоштадот со дневна и вечерна забава и во петок и сабота, кога шоу програми се предвидени и за најмладите. Во сабота напладне по музичкото шоу ќе пристигне Дедо Мраз,  а вечерта ќе настапат Некст Тајм, огнено шоу и „Два бона". ид/бак/


Фото: Општина Крива Паланка 

 

 

Остани поврзан