• недела, 01 декември 2024

Нови напади на Хезболах врз армиски позиции на северот на Израел

Нови напади на Хезболах врз армиски позиции на северот на Израел

Бејрут, 14 ноември 2024 (МИА) - Либанскиот Хезболах вчера соопшти дека истрелал проектили врз армиски позиции во северен Израел, откако ја презеде одговорноста за нападот врз израелските војници распоредени во јужен Либан. Проиранското движење изјави дека „проектили биле насочени кон израелските непријателски сили во Саса“.

Како што се додава, нападот се случил синоќа во 23:50 часот по локално време.

Израелската армија вчера објави дека шест израелски војници загинале во нападите на Хезболах, кој ја презеде одговорноста за нападите, додека најмалку осум лица загинаа во нападите врз Либан. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан