• сабота, 16 ноември 2024

Новиот менаџер на Ливерпул ќе зема двојно помаку пари од Клоп

Новиот менаџер на Ливерпул ќе зема двојно помаку пари од Клоп

Ливерпул, 21 мај 2024 (МИА) - Арне Слот ќе добива половина од платата што Јирген Клоп ја добиваше во Ливерпул.

Холандски „Телеграф“ ја објави платата на новиот менаџер на „црвените“. Слот ќе инкасира осум милиони евра по сезона без бонуси, што е двојно повеќе од неговата претходна плата во Феенорд.

Досега Слот со бонусите освојуваше четири до пет милиони евра.

Сепак, платата на 45-годишниот стручњак ќе биде далеку од онаа на Клоп. Изданието потсетува дека Германецот добивал 17 милиони евра по сезона без бонуси.

Привлекувањето на Слот ќе го чини Ливерпул и дополнителни 10-11 милиони евра - трансфер сума што „црвените“ ќе ја платат на Феенорд за услугите на менаџерот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан