• вторник, 24 декември 2024

Нова теорија: Едгар Алан По не се самоубил

Нова теорија: Едгар Алан По не се самоубил
Остин, 26 февруари 2020 (МИА) - Научници од универзитетите во Остин (Тексас, САД) и Ланкастер (Велика Британија), истражувајќи го творештвото на писателот Едгар Алан По, а со помош на современи аналитични методи, тврдат дека ги разоткриле тајните на неговата смрт. Според тоа, тој не се самоубил. - Мислам дека тој навистина западнал во депресија на крајот на својот живот, но не се самоубил, изјави психологот Рајан Бојд од Универзитетот во Ланкастер. Стручњаците ги проучувале расказите и стиховите на писателот, при што установиле дека тој нашироко употребува зборови полни негативни емоции („лошо”, „тажно”, „зло”) и заменки во прво лице („јас”, „мое”), во време кога преживувал тешки животни настани (на пример - смртта на неговите родители и сопругата). Претходни проучувања докажаа дека ако со тек на времето, такви јазични обележја само се нагласуваат - тоа е знак дека човекот е блиску до самоубиство. Но во случајот со Алан По, научниците откриваат дека тие зборови, напротив, не се појавуваат последната година од животот на писателот. На 3 октомври 1849 година, Едгар Алан По е најден во бессознание на улица во Балтимор, Мериленд, САД. Четири дена подоцна, тој починал в болница на 40-годишна возраст. Биографите и истражувачите се склони да веруваат дека зависноста од алкохол, мозочен тумор, сифилис, дијабетес или друга болест се можните причини за смртта на писателот. За жал, сите записи и документи по тоа прашање се изгубени. си/сд/

Остани поврзан