• сабота, 27 јули 2024

Нова опрема за учениците од ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден

Нова опрема за учениците од ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден

Скопје, 1 март 2024 (МИА) - Во подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ во Илинден, за подобрување на квалитетот на часовите по физичко и здраствено образование деновиве се набавени  50 м2 мека подлога за заштита на учениците, наречена татами, збогатена е и  училишната кујна со професионални елементи, (шпорет, фрижидер и масичка)игна новата опрема за потребите на учениците, Во делот за одржување на квалитетот на образовниот процес набавени се и 3 смарт табли, информираат од Општина Илинден.

Градоначалникот Александар Георгиевски при денешната посета на ова училиште   информира  дека во ова училиште од почетокот на годината досега  се направени инвестиции, со цел да се подобрат условите за учениците и спроведување на квалитетен воспитно- образовен процес.

Воедно најави дека Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестирање во опрема на сите училишта на нејзина територија, затоа што образованието е една од најважните алки во општеството.ад/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан