• среда, 14 мај 2025

Николовски: Македонија ги исполнува реформските процеси и дава сериозен придонес кон регионалниот развој

Николовски: Македонија ги исполнува реформските процеси и дава сериозен придонес кон регионалниот развој

Скопје, 24 април 2025 (МИА) - Македонија ги исполнува реформските процеси и дава сериозен придонес кон регионалниот развој, потенцирал вицепремиерот Александар Николоски на средбата со Медлин Нокс, директор за Западен Балкан во Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство. 

Како што истакнал Николоски, политичките и економските односи меѓу зeмјите од Западен Балкан се во постојан напредок, а Македонија има значајна улога за развојот на таквите односи,

-Мерките и политиките што ги реализира Владата се во насока на намалување на трговските бариери, зголемување на трговијата и конкурентноста на економиите во земјите од Западен Балкан, додал тој.

Вицепремиерот Николоски уште еднаш го потенцирал стратешкото пријателство меѓу Македонија и Обединетото Кралство и подршката што и се овозможува на земјата кон нејзиниот развој.   

Како што соопштија од Министерството за транспорт, на средбата се разговарало и за зацврстување на економската соработка, можноста за нови инвестиции и соработка на двете земји во сектори од заеднички интерес.

Македонија и Обединетото Кралство негуваат добри пријателски односи, се согласија и двете страни, со заложба таквото партнерство да се зацврстува преку конкретни процеси и проекти. сст/аа/

Фото Министерство за транспорт
 

 

 

 

Остани поврзан