Меџити: Илинден е заедничко наследство на сите граѓани кои веруваат во еднаквост, достоинство и заеднички напредок
- - Овој историски ден е симбол на борбата за слобода, праведност и соживот, вредности кои претставуваат темел на нашето демократско и мултиетничко општество. Илинден е заедничко наследство на сите граѓани кои веруваат во еднаквост, достоинство и заеднички напредок. Како држава, имаме обврска таа порака да ја преточиме во конкретни политики – преку заемна почит, праведна застапеност и реална рамноправност на сите заедници, вели Меџити во честитката.
Скопје, 2 август 2025 (МИА) - Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити упати честитка по повод денешниот празник Илинден.
- Овој историски ден е симбол на борбата за слобода, праведност и соживот, вредности кои претставуваат темел на нашето демократско и мултиетничко општество. Илинден е заедничко наследство на сите граѓани кои веруваат во еднаквост, достоинство и заеднички напредок. Како држава, имаме обврска таа порака да ја преточиме во конкретни политики – преку заемна почит, праведна застапеност и реална рамноправност на сите заедници, вели Меџити во честитката.
Владата, како што нагласува, останува посветена на изградбата на стабилно, инклузивно и праведно општество, каде што различностите се сила и вредност, а не пречка. бак/
Фото: МИА архива