• петок, 05 декември 2025

Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани

Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани

Скопје, 2 август 2025 (МИА) - На територија на државата регистрирани се девет пожари на отворен простор од кои активен е само пожарот кај селото Стровија кај местото викано Гајдарец-Клепало во општина Долнени каде гори нискостеблеста шума. 

Според информациите од Центарот за управување со кризи, под контрола е еден пожар, а седум се изгаснати. 

Под контрола е пожарот на планината Готен од беровска страна. Таму гори бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан