• петок, 22 ноември 2024

Николова: Со мерките спречуваме ценовен шок, со зголемување на платите го јакнеме стандардот,

Николова: Со мерките спречуваме ценовен шок, со зголемување на платите го јакнеме стандардот,
Скопје, 9 април 2022 Владата предводена од СДСМ и надлежните институции преземаат навремени и ефикасни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните во време на глобална економска криза. Со неколку мерки од пакетот вреден 400 милиони евра, сериозно ги намалуваме трошоците на семејствата на месечно ниво. Семејствата заштедуваат околу 1.500 денари преку мерката за намалување на ДДВ на нула отсто за основните прехранбени продукти. Преку субвенционирањето на сметки за електрична енергија сметките за струја на едно просечно семејство денес се пониски за 2.150 денари, а намалувањето на ДДВ за горивата обезбедува месечна заштеда од околу 300 денари. Дополнително на ова, воведова тримесечна финансиска поддршка од по 1.000 денари за пензионерите и за семејствата во социјален ризик за полесно да се справат со последиците од кризата. И во време на криза платите растат минималната плата сега изнесува 18.000 денари што значи дека сега за да се покрие една синдикална потрошувачка кошничка потребни се две минимални плати, додека пред само четири години за ова беа потребни 4,5 минимални плати. Согласно Законот за минимална плата следи и соодветно зголемување на платите во сите сектори. Во време на светска економска криза, продолжуваме со политики што значат вистинска грижа за сите категории граѓани. Остануваме посветени на креирање и реализација на мерки што го штитат животниот стандард на граѓаните и обезбедуваат помош за домашната економија. Одговор на новинарско прашање  Прашање: ВМРО-ДПМНЕ ве обвинува за случајот со Зекири а претходно и Рашковски, кој е вашиот одговор на овие обвинувања?
ВМРО-ДПМНЕ е партија која е симбол за криминал и корупција и таа најмалку е повикана да обвинува било кого. Бројните судски процеси којшто и сега се водат против нивните функционерите, дури и нивните признанија во неколку судски процеси се најдобра потврда за тоа.
Има огромна разлика од времето на режимот кога институциите, судството и обвинителството беа под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и наместо да гонат, штитеа криминал. На никој не му паѓаше на памет да понесе одговорност, ниту пак да да поднесе оставка, тоа денес веќе не е така.
Од друга страна ние ги овозможуваме сите услови да правосудните органи работат слободно и нивна задача е низ транспрарентни постапки да утврдат дали некој ја злоупотребил својата позиција и согласно доказите кои ги имаат да започнат постапка или не.
Секој треба да ја понесе својата одговорност без разлика на која позиција се наоѓа и токму во ова време во кое СДСМ владее ги создаваме сите услови за да владее правото.
Прес-конференција на Даниела Николова, пратеничка на СДСМ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. https://www.youtube.com/watch?v=JMK-YxmV3CA

Остани поврзан