• недела, 22 декември 2024

Нивото на Охридското Езеро два сантиметри под февруарскиот просек

Нивото на Охридското Езеро два сантиметри под февруарскиот просек

Охрид, 12 февруари 2024 (МИА) – Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата од 693,37 метри надморска височина што е во рамките на просекот за овој период од годината или поточно два сантиметри под февруарскиот просек што изнесува 692,39 метри надморска височина.

Интензивните врнежи изминатото деноноќие секако ќе ги зголемат водотоците од езерскиот слив и дополнително ќе придонесат за подобрување на општата хидролошка состојба.

Само во текот на последните 24 часа во регионот на Охридското Езеро наврнаа 22 литри дожд на метар квадратен. аб/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан