• петок, 21 февруари 2025

Објавени конкурсите за Фестивалот на песни за деца „Весело Штурче“ во Штип

Објавени конкурсите за Фестивалот на песни за деца „Весело Штурче“ во Штип

Штип, 22 јануари 2025 (МИА) – Објавени се новите конкурси за Фестивалот на песни за деца „Весело Штурче“ во Штип кој ќе траat до 1 март, информираше на денешната прес-конференција во Дом на млади –Штип, директорот на фестивалот, Филип Стевановски. Право да конкурираат ќе имаат изведувачите кои ќе се пријавуваат за аудиција на фестивалот, како и автори со своја музика, текст и аранжман.

Стевановски рече дека најважно е децата да бидат на возраст до 12 години, а авторите да имаат композиција, која што за прв пат ќе биде изведена овде и да е исклучливо авторска. Тој истакна дека сите потребни информации за пријавување ги има на нивната веб страна, со што детално ќе можат да се информираат заинтересираните.

-Првиот конкурс кој е за автори, ги повикуваме сите автори коишто се автори за музика, текст и аражман да ги пријават своите композиции. Правилата на конкурсите како и секоја година, така и оваа година се исти - композициите да не траат повеќе од три минути, композицијата да не е објавувана на друг фестивал и да е исклучливо авотрско дело. На Конкурсот за изведувачи право на учество имаат дечиња од шест до 12-годишна возраст, само се пријавуваат за аудиција, изјави Стевановски.

 Новина годинава на Фестивалот „Весело Штурче“ е што ќе имаат и хор, кој ќе функционира како самостоен хор и ќе има свои песни и преработки.вдј/фф/

Фото: МИА 

Остани поврзан