• четврток, 05 декември 2024

Не успеа ни деветиот обид бугарските пратеници да изберат претседател на 51. Народно собрание

Не успеа ни деветиот обид бугарските пратеници да изберат претседател на 51. Народно собрание

Софија, 4 декември 2024 (МИА) - Неуспешен беше и деветтиот обид за избор на претседател на бугарското Народно собрание. Пратениците и денеска гласаа за Силви Кирилов од ИТН и Наталија Киселова од БСП. Сепак, никој од нив не ја доби потребната поддршка.

Пратениците утре повторно ќе се сретнат за десеттиот обид да изберат претседател на Парламентот.

Бугарскиот Парламент веќе четврта недела се обидува да избере претседател, но никој од кандидатите досега не го обезбеди неопходното мнозинство.

И денеска, како и на другите претходни гласања, ќе беше избран Кирилов, доколку 18-те пратеници од ДБ, како и исклучените од ПП, Авор Божанков и Даниел Лорер ја поддржеа неговата номинација. Сепак, тие инсистираат на својот став, дека нема да учествува во изборот на претседател на Народното собрание заедно со „Преродба“, кои гласаат „за“ номинацијата на ИТН. ссм/

фото: архива

Остани поврзан