• сабота, 22 февруари 2025

Најмалку 16 лица го загубија животот во лизгање на земјиште во Индонезија

Најмалку 16 лица го загубија животот во лизгање на земјиште во Индонезија

Џакарта, 21 јануари 2025 (МИА) - Најмалку 16 лица го загубија животот, а десет се повредени во лизгање на земјиште предизвикано од обилните врнежи во Индонезија, соопштија полициски претставници.

Свлечиштето ја погоди централната провинција на големиот индонезиски остров Јава.

Најмалку пет лица се водат како исчезнати, а акцијата за спасување е во тек.

Одроните се вообичаени во индонезискиот архипелаг за време на дождовната сезона, меѓу ноември и април. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан