• петок, 17 мај 2024

Нетанјаху: Ќе направиме сè што е потребно за да победиме, вклучително и Рафа

Нетанјаху: Ќе направиме сè што е потребно за да победиме, вклучително и Рафа

Тел Авив, 2 мај 2024 (МИА) – Додека Хамас тврди дека ги проучува најновите израелски предлози за прекин на огнот во „позитивен дух“, израелскиот премиер го повтори своето ветување дека без оглед на тоа ќе почне копнена инвазија на Рафа во јужна Газа.

- Ќе направиме сè што е потребно за да ги победиме нашите непријатели, вклучително и Рафа, соопшти кабинетот на Нетанјаху.

- Имаше разлики во мислењата меѓу нас во врска со операциите на блиските и далечните боишта. Но, на крајот од дискусијата донесов одлука и таа беше прифатена, ја пренесува Ал Џезира изјавата на израелскиот претседател. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан