Нема проблем со огревното дрво во Прилеп, но пожарите влијаат на цените и дрвокрадството
- Прилепчани навреме ќе ги добијат договорените количества огревно дрво. Нема место за загриженост, зашто повеќе од половината од договорените околу 5000 метри кубни се испорачани.
Прилеп, 13 август 2024 (МИА) - Прилепчани навреме ќе ги добијат договорените количества огревно дрво. Нема место за загриженост, зашто повеќе од половината од договорените околу 5000 метри кубни се испорачани.
-Со оглед на ситуацијата со пожарите, нема проблем, граѓаните не треба да стравуваат за испораката на договорените количества огревно дрво. Пролетоска де сдклучија преку 400 договор со граѓанирте зџа околу 5000 метри кубни огревно дрво по цена, со испораката, од 3 400 денари од кубен метаррт. Станува збор за дсабово дрво. За среќа во прилепскиот регион немаме со пожари зафатено квалитетни шуми, и каде што е сечата. Испораката теќе непречено и очекуваме да ја завршиме за еден месец. Но сезоната на пожари не е завршена. Ние се надеваме на најдоброто, изјави Пецо Јовевски, раководител на „Црн Бор“ – Прилеп, подружница на ЈП „Национални шуми“.
Јовевски смета дека пожарите кои уништуваат шумско богатство ќе влијаат на дрвокрадството и на цените, но не се очекуваат ценовни шокови.
-Секако дека пожарите влијаат и на понудата на побарувачката на огревно дрво, но уште повеќе, за жал, на зголемување на дрвокрадството. Особено во најзафатените региони од огнените стихии. А во односд на цените, ќе има зголемување, но не многу, можеби 5 до 10 проценти, смета Јовевски.
Од приватните стоваришта велат дека нема да има зголемување на цените. Има доволно количества огревбно дрво за продажба. Моментално, цената на еден кубен метар дабово огревно дрво се движи од 4000 до 4100 денари.
Од прилепската подружница на ЈП „Национални шуми“ не очекуваат пробеми и со договарањата за наредната грејна сезона.ем/
Фото: МИА