• среда, 29 јануари 2025

Нелогично е тој што ги бира да не може да ги отповика, вели Мицкоски за членовите на Судскиот совет

Нелогично е тој што ги бира да не може да ги отповика, вели Мицкоски за членовите на Судскиот совет

Скопје, 29 јануари 2025 (МИА) – Нелогично е тој што ги бира да не може да ги отповика посебно во услови кога не им го прифаќа извештајот за работењето, вели премиерот Христијан Мицкоски за разрешувањето на членови на Судскиот совет, посочувајќи дека „ги гледаат сите овие законски можности“, но и дека „како Влада нема да правиме ништо што е спротивно на Законот и Уставот“.

Прашан за најавите за разрешување на членови  на Судскиот совет, Мицкоски посочи дека „ако само критикуваме, а ништо не преземаме, тогаш сме ја изневериле довербата од граѓаните“.

-Не ветивме, рековме дека тоа ќе биде една од мерките којашто ќе ја преземеме во борба на подобрување на работењето на судско-обвинителскиот систем во државава, бидејќи сите ќе се сложите, тоа е на екстремно ниско ниво од два проценти. Сега ние ако седиме на страна, и во публика само критикуваме, а ништо не преземаме, тогаш сме ја изневериле довербата од граѓаните, граѓаните очекуваат акција од нас, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по настанот за симулирање сајбер хибриден напад во касарната „Гоце Делчев“.

Негативниот извештај за работата на Судскиот совет во Собранието ја отвори дебатата дали може бидат разрешени членовите на Судskiot совет избрани во Собранието.  Претседателот на Собранието Африм Гаши изминатиот месец изјави дека ќе се консултираат со Уставниот суд ако правни експерти сметаат дека е противуставно и противзаконски Парламентот да ги разреши членовите на Судскиот совет кои се избрани од Собранието

-Негативниот извештај за работата на Судскиот совет значи дека Собранието на некој начин ги отповикува и дека може да почне процедурата за нивно разрешување и назначување на нови. Процедурата е одредена во Деловникот. Комисијата за избори и именувања како што ги назначила, на ист начин ќе бидат разрешени и така ќе оди назначувањето на новите членови на Судскиот совет. Од Комисијата за избори и именувања ќе зависи кога ќе почне процедурата, на дневен ред ќе биде штом има услови за тоа прашање, рече Гаши. аа/ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан