• недела, 22 декември 2024

Неколку убиени и голем број повредени на протестите против даноци во Кенија

Неколку убиени и голем број повредени на протестите против даноци во Кенија

Најроби, 25 јуни 2024 (МИА) - Неколку луѓе се убиени, а голем број се повредени од полициски истрели за време на националните протести против даноците во Кенија. Би-Би-Си јави дека гори дел од зградата на Парламентот.

-Најмалку осум лица загинаа, јави локалната телевизија КТН, повикувајќи се на болнички служби. Кениската комисија за човекови права соопшти дека полицијата „пукала со боева муниција“ кон демонстрантите.

Очевидци рекоа дека делови од кенискиот парламент се запалени додека пратениците ја евакуирале зградата поради пукање од боева муниција и солзавец.

Полицијата се обиде да ги растера претежно млади демонстранти кои извикуваа „Руто мора да си оди!“ во услови на зголемен гнев поради плановите на владата да собере повеќе од 2 милијарди долари нови даноци за да ги пополни дупките во буџетот на длабоко задолжената земја.

Претходно денеска пратениците усвоија предлог-закон за зголемување на даноците. Сега законот чека согласност од претседателот Вилијам Руто. мс/

Остани поврзан