• петок, 05 декември 2025

Независни за Карпош: Ги демантираме обвинувањата изнесени на прес-конференцијата на општина Карпош

Независни за Карпош: Ги демантираме обвинувањата изнесени на прес-конференцијата на општина Карпош

3 јануари 2024 

Категорично го демантираме обвинувањето за незаконско и несовесно работење кон нашата советничка, Невена Георгиевска, изнесено во име на вработените на општина Карпош на денешната прес конференција. Бараме јавно извинување, во спротивно ќе поднесеме тужба за клевета.
Нашата советничка група не поднела ниту еден амандман на Буџетот на општина Карпош за 2024 година и се залагавме токму за спротивното, за надминување на проблемот помеѓу советничката група на ВМРО-ДПМНЕ (која поднесе скоро 4,000 амандмани на Буџетот, со цел за блокирање на Буџетот), градоначалникот и општинската администрација, само и само да може општината  непречено да функционира, да се исплатат платите во целост на сите вработени во општинската администрација, училиштата и градинките, и да не се загрозат договорите на сите привремено вработени.  
Секое решение од оваа немила ситуација, согласно законите и прописите, го поддржуваме, како и до сега.

Советничката група на Независни за Карпош 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Остани поврзан