Неготинскиот панаѓур ќе се одржи од 21 до 23 септември
- По донесување на одлуката од страна на советниците во Советот на општината, како градоначалник и локална самоуправа, во соработка и координација со надлежните институции, веднаш ги започнуваме неопходните организациско-технички подготовки, со единствена цел, што е можно поподготвено да го дочекаме одржувањето на панаѓурот, соопшти Стојанов.

Неготино, 31 август 2023 (МИА) - Неготинскиот панаѓур ќе се одржи од 21 до 23 септември, соопшти попладнево градоначалникот Горан Стојанов.
- По донесување на одлуката од страна на советниците во Советот на општината, како градоначалник и локална самоуправа, во соработка и координација со надлежните институции, веднаш ги започнуваме неопходните организациско-технички подготовки, со единствена цел, што е можно поподготвено да го дочекаме одржувањето на панаѓурот, соопшти Стојанов.
Сите заинтересирани за изложување на стоки и производи и потенцијалните посетители, дополнително ќе бидат информирани, согласно динамиката на активности, за организирање на панаѓурот.
- Најважно од се, традицијата продолжува и во ниеден случај нема да дозволиме да дојде до згаснување на оваа манифестација, што во нашиот град се одржува со децении, нагласи Стојанов. свд/свс/
Фото: МИА