Јавна дискусија во Битола за новиот Кодекс на наовинарите на Македонија
- Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска во Битола одржа работна средба со новинарите и медиумските работници од пелагонискиот регион, на која фокус тема беше работната верзија на новиот Кодекс на новинарите на Македонија.
Битола, 17 март 2026 (МИА) - Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска во Битола одржа работна средба со новинарите и медиумските работници од пелагонискиот регион, на која фокус тема беше работната верзија на новиот Кодекс на новинарите на Македонија.
На средбата свое обраќање имаа Драган Секуловски и Билјана Настеска – Каланоска од ЗНМ, Жанета Здравковска, координатор за регионалниот центар Битола и Сефер Тахири, во улога на член на работна група за промена на етичкиот кодекс за новинари кој се реализира во рамки на проектот „Јакнење на етичките стандарди за поголема доверба во медиумите“, поддржан преку програмата на Цивика Мобилитас.
Етичкиот кодекс на новинари се темели на Универзалната декларација за човекови права и Уставот на Република Северна Македонија, а една од поркупните новини е воспоставување посебен член во кодексот со кој се регулира создавањето на новинарска содржина со вештачка интелигенција ВИ . Со новиот член во кодексот новинарот се обврзува на одговорност за точноста на информациите и интегритетот на новинарскиот производ.
Учесниците на јавната дискусија, новинари од Битола и Прилеп предложија дополнувања на предложениот текст со цел подобрување на квалитетот на новиот етички Кодекс на новинарите на Македонија кој наскоро ќе биде усвоен од ЗНМ.мт/
Фото: МИА